Зошто сум утопист?
Зошто сум јас утопист? Затоа што мислам дека профитот треба да се подели на сите кои што работат на продуктот? Затоа што мислам дека тоа ќе не мотивира повеќе, дека ќе не вклучи повеќе во производствениот процес? Затоа што мислам дека производството треба да се планира за да ги задоволи потребите на луѓето, а не да се молиме на бога дека такмичењето магично ќе го стори тоа? Затоа што мислам дека токму хиперпроизводството во одредени бранши како последица на производствената анархија е одговорна за недостатокот на производство во други гранки, или за 8 часовното работно време во факинг 21 век, или за сите војни во државите кои не сакаат да ти го пласираат хиперпроизведениот продуктот на својот пазар?
А зошто вие не сте утописти? Затоа што мислите дека само газдата треба да го земе профитот? Дека другите сме помотивирани и повредни кога добиваме трошки? Затоа што мислите дека е оптимално пола храна да се фрла во ѓубре, а да има толку многу гладни и планирате со ретвитање оброк да го решите проблемот, за помирно да спиете? Затоа што мислите дека хаосот е ред? Затоа што мислите дека војни се водат ради хирови, а не заради економски мотив?
Бар газди да бевте, па да ви се исплатеше ваквото размислување, ќе разберев. А вие, голтари, се борите за правата на тој што ве принудува да сте голтари, што ве краде, со надеж дека еден ден вие некој друг ќе крадете. Епа гадно сте се заебале, со време да си знаете.
Јован Крајевски
Преземено од ФБ постот подоле.