Милиони ирачани се собраа во Багдад како знак за протест против присуството на САД во нивната земја
После свирепите убиства на иранскиот генерал Касем Сулејмани и командантот на ирачките сили Абу Мехди Ел-Мухандис, како и на неколку други воени лица како нивни придружници извршени од страна на воените сили на САД кои се стационирани во Ирак, ирачкиот парламент изгласа резулуција со која им предочи на воените сили на САД дека нивното присуство во Ирак е непожелно.
Влијателниот шиитски лидер и ирачки политичар Муктад Садр ги повика ирачаните на масовни мирни, обединети демонстрации со кои ќе се осуди присуството на САД во Ирак и кршењето на законот и суверенитетот на Ирак при атентатот на Сулејмани и неговите соборци. Подготовките започнаа уште вечерта. За место каде ќе се одржат демонстрациите избрано е тоа да биде „зелената зона“ токму спроти амбасадата на САД.
Денеска на улиците во Багдад од сите провинции на Ирак се собраа околу милион демонстранти, носејќи транспаренти и извикувајќи пароли со кои побараа протерување на американските војници од нивната земја. Демонстрациите се организирани за отстранување на американските сили од земјата со примена на одлуката на ирачкиот парламент донесена пред скоро време.
Бројни ирачки групи на отпорот, главно поврзани со Народните мобилизирани единици (Хашд ал-Шаби) исто така го поддржаа денешниот собир.
Иранскиот народ има одржано слична демонстрација во 1920 година против тогашните британски воени сили кои во тоа време го окупираа Ирак, чиј настан денеска се нарекува Големата ирачка револуција. Многумина направија парарела со овој настан и демонстрациите одржани денеска како израз на антиколонијалната борба на Ирак.