АктуелноИнтернационалноНастани

Бугарите го усапсија соработникот на Курти, осомничен за шверц на луѓе

Членот на движењето „Самоопределување“ на Албин Курти, Хасан Красниќи беше уапсен во Бугарија врз основа на италијанска потерница со која се товари за шверц на луѓе.

Красниќи беше кандидат на движењето „Самоопределување“ за пратеник во општина Ѓаковица на изборите во 2021 година, но бидејќи не доби доволно гласови, во јануари 2022 година, привремените институции од Приштина го именуваа за прв човек на локалното водостопанство. „Ѓаковица“.

Италија по него распишала меѓународна потерница, а тој бил уапсен кога со семејството од Македонија влегол во Бугарија, јавуваат Репортери.

Нему му е одреден притвор во Бугарија, во очекување на одлуката дали ќе биде екстрадиран во Италија.

Красниќи е осомничен дека преку неговата компанија за превоз на патници со автобус шверцувал луѓе со фалсификувани документи во европските земји.

Италија на 16 јануари издаде налог за негово апсење.