Тамара Јованов: Досегашните ефекти од отпорот

Фејсбук статус на Тамара Јованов – професорка на Економски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Досегашни ефекти од отпорот:

1. Го одложија планираното усвојување од минатиот вторник. Ако бевме неверници и не се сплотевме, досега ќе беше готово.

2. Пробаа да го угушат отпорот со инциденти, но безуспешно, па се повлекоа. Со човек што оди голорак кон пиштол, не можеш да си играш мајтап!

3. Се упрпаа, па од Влада ја префрлија топката во Собрание… Сега, сигурно планираат некоја ујдурма таму!

Овие нема лесно да запрат, оти се отидени во длабокото. Они, тешко дека можат да излезат оттаму. Арно ама, ние можеме да бидеме РЕШИТЕЛНИ И ИСТРАЈНИ, докрај! Се’ дури е потребно. Што значи ова!?

Ситуацијава може намерно ќе направат да трае, со денови. Најбезбедно за нив е да не’ изморат, да ни ги истрошат парите за гориво, да не’ начекаат по одмори, да не’ обесхрабрат одново. народот, сега, мора да биде свесен дека ова е партија шах! Потег, по потег.

-Тој што ќе ја напушти играта – губи!
-Тој што ќе стане нервозен – губи!
-Тој што ќе се обесхрабри – губи!

Арно ама, нема да се изгуби партија шах, туку својата суштина, правото на постоење и домот! Влогот е преголем, за да од било која причина се откажеме. Каков е планот!? Планот е да нема откажување!

Ако треба да сме на улица, на улица!
Ако треба да блокираме, да блокираме!
Ако треба да одмориме, да одмориме!
Ако треба да сме пред Собрание, пред Собрание!
Ако треба се’ од почеток, од почеток… до крај!
Ова ќе зависи и од потезите на неранимајковците!

Затоа, во оваа војна (да, војна е, само пософистицирана), ќе биде најважно, како што велел Гоце Делчев, да сме спремни да вложиме труд и истрајност!

-Наместо тие да не’ изморат нас, ние да ги измориме нив!
-Наместо тие да не’ обесхрабрат нас, ние да ги обесхрабриме нив!
-Наместо тие да не’ победат нас, ние да ги победиме нив!
Верувајте, тоа ќе биде една од најважите победи во животот на секој еден од нас!

Доста нашата мирна нарав ја заменуваа со кукавичлук; доста нашата љубезност ја заменуваа со наивност и глупавост; доста нашето трпение го заменуваа со незаинтересираност… Доста не’ потценуваа!

Време е да сфатат, дека ова е народ, а не говеда на касапница!
Труд и истрајност, другари!
Труд и истрајност!