Протоколот кој се крие од јавноста ќе биде објавен по неговото потпишување потврди Адеми

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми, кој е пратеник од редовите на ДУИ, на денешната прес-конференција сподели дека Протоколот кој се крие од јавноста ќе биде објавен по неговото потпишување, нетранспарентно и зад грбот на народот. Со ова, тој уште еднаш го потврди режимот на ДУИ и СДСМ кој може слободно да одлучува за судбината на македонскиот народ, зад затворени врати.

„Значи протоколот кога ќе биде потпишан, кога ќе биде финализиран и биде потпишан и благовремено ќе се сподели со целата јавност, како и овие документи кои се споделени со целата јавност“, – рече Адеми

Иако јавноста треба транспарентно да биде запознаена со Протоколот пред тој да биде потпишан, затоа што станува збор за јавен документ од национално значење, Претседателот на КЕП отиде до таму да каже дека тоа што Протоколот ќе биде објавен по потпишувањето е најтранспарентно како никогаш до сега.

Адеми не заборави да напомене дека тие се борат за доброто на државата, додека некои други центри не и посакуваат добро на државата.

„Мислам дека ваков најтранспарентен начин немало до сега. И треба да продолжиме така. Бидејки само така можеме да ја добиеме битката со лажните вести кои се кројат од центри кои не и сакаат добро на Македонија и на општеството наше.“