Со лесен чекор до ДИК, ако сакате да оставите трага во историјата

Добро и убаво утро, по вчерашниот бурен ден. Викенд во кој можеме да одмориме или со лесен чекор да прошетате до ДИК доколку тоа не сте го сториле, а сакате да оставите трага во политичката историја, вели Билјана Ванковска.

-Нашата намера беше да ги избегнеме партиските армии на оние кои ја доведоа Македонија до ова дереџе. И успеавме. За мене ден во кој (конечно) ќе си го исчистам домчето, ќе си го видам дворчето, ќе дадам две интервјуа и вечер ќе уживам во драмска претстава во Велес, објави на Фејсбук Ванковска.

Таа вчера ги собра потребните 10.000 гласа и официјално влезе во претседателската трка.