АктуелноЛокалноНастани

На четворица им се потребни три минимални плати месечно

Ревизорката Јулијана Штрковска-Колариќ смета дека на четиричлено семејство му се потребни три минимални плати за да може да го преброди месецот.

Согласно најновата пресметка за минимална синдикална кошница, на едно просечно семејство за најосновните месечни трошоци му се потребни 57.476 денари.

– Речиси три минимални плати се потребни за едно четиричлено семејство да го истурка месецот. Минималната синдикална кошница изнесува 57.476 денари во февруари 2024 година. Повеќе од една третина се потребни за храна и пијалаци, а не се за потценување и другите неопходни трошоци. Ако семејството живее под кирија, потребни се најмалку уште 250 евра, за да преживее во скромни услови.