Презентирани резултатите од минатогодошните систематски археолошки истражувања на локалитетот “Циганска затока” кај Тиквешко езеро

Во рамки на Кавадаречко културно лето 2023, а по повод меѓународниот ден на археологијата, Локален Музеј-Галерија пред пошироката јавност ги презентираше резултатите од минатогодошните систематски археолошки истражувања на локалитетот “Циганска затока” населба Брушани, Тиквешко езеро.     

На присутните им се обрати В.Д. директор Јаким Зимоски, вовед во презентацијата даде Кустос Елизабета Ристова, како стручен соработник на проектот, а за деталениот опис на комплетното истражување беше задолжен Виш кустос Раде Атанасов, кој воедно е и раководител на истиот.