Флоскулата „Ти си повеќе од бројка” нè сведе само на бројка

Фејсбук статус на Марио Јаневски, член на Црвена Младина.

ЗА ПОПИСОТ – Најпрво, мене ми е навистина мизерно да зборувам за некакви поделби и категоризации во однос на пописот кој треба да е статистичка операција, а не политичка, но за жал политичарите, условно кажано од македонскиот и албанскиот блок создадоа и наметнаа вакви околности и услови и едноставно мора да се бориме против и да ги критикуваме сите појави што се косат со нашите визии и уверувања.

Иако често ја користат флоскулата „Ти си повеќе од бројка”, мене ми е жал што навистина сите не сведоа само на бројка и ништо повеќе, само за остварување на нивните шовинистички идеи, и пред се нивните интереси, на сметка на населението.

„Ако не се попишете на пописот, тоа ќе резултира со помалку Македонци во вкупното попишано население.”

Се прашувам дали во пописот во 2011, кој албанското население го бојкотираше, резултираше со помал процент на Албанци во Македонија? Не, едноставно пописот беше неуспешен !

Дали доколку бојкотирате, ќе придонесете да има помалку Македонци во Македонија? НЕ ! Едноставно невозможно е во овие геополитички околности бројките да бидат поразлични отколку што тие испланирале да бидат.

Целта на бојкотирањето е пописот да биде неуспешен и во најмала рака да се делегитимира целиот процес, затоа што очигледно е според методологијата дека планираат фалсификат.

„Па ете и референдумот го бојкотиравме, па пак името го сменаа” – Да, името го сменаа. Но името беше сменато на нелегитимен начин, противуставно, насилнички, без одлука од граѓаните, затоа што референдумот беше неуспешен.Тоа остава простор во иднина некоја наредна влада, некои можеби похрабри генерации од нас да го вратат нашето име.
Затоа што ова е долготрајна борба.
Илинденците не дочекаа слободна автономна Македонија. Но дочекавме ние. Благодарение на нивната борба

Затоа, бојкотот на референдумот ќе биде запаметен во историјата како пасивен отпор на еден мирољубив народ !
Со бојкотот на референдумот им оставивме порака и аманет на наредните генерации дека не треба се откажат од борбата за ова парче земја.

Затоа не потклекнувајте на спинови. Ваше е дали ќе дадете легитимитет на фалсификатот кој го спремаат или не.

П.С. Луѓето ценети ги по квалитетите и компетенциите, а не по припадноста(политичка, етничка, религиозна).
Рамковниот договор ги цени граѓаните по припадност, а не по квалитет !!!!!!!!!!!!!