АктуелноЛокално

Полскиот амбасадор Н.Е Кшиштоф Гжелчик во посета на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје донираше збирка од полски автори преведени на македонски јазик

Полскиот амбасадор Н.Е Кшиштоф Гжелчик вчера ја посети Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје и донираше збирка од педесетина наслови од полски автори преведени на македонски јазик, со што го означи почетокот на проектот „Полска на полица. Полската книжевност во македонските библиотеки“

Задоволни сме што Амбасадата на Полска ја препозна токму нашата библиотека како партнер во овој проект, бидејќи делиме заеднички заложби за промоција на вистинските естетски вредности. Исто така, го делиме и верувањето дека библиотеката во денешно време треба да биде многу повеќе од простор за зајмување книги. Силно веруваме дека библиотеката треба да биде активно и отворено културно јадро – истакна директорката на ГБСК Снежана Стојчевска.   

Иницијатори и координатори на проектот „Полска на полица“ во Македонија се Јоланта Гжелчик и Билјана Кочишка советник-библиотекар за меѓународна соработка во ГБСК. 

Автор на дизјанот е Наталија Лукомска од Амбасада на Република Полска во Скопје.