Културно Информативен Центар – Скопје објави конкурс за литературна дејност за 2024 година

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2024 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2024 годиина, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.

Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от literaturna@kic.mk, а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.