Игор Смилев – воинот против „Топилница“

Игор Смилев, кандидат на политичката партија Левица за советник во Општина Велес, е еден од најзаслужните борци за затворањето на велешката „Топилница“. При протестите од 2011, против деценискиот трујач на многу генерации, Смилев беше кривично тужен од сопствениците, со закани дека ќе добие казна од 20.000 евра, но остана доследен на „зелената кауза“ како активист во Еколошката групација „Green Power“ и Движењето за социјална правда „Ленка“.

Оваа слика е само еден кадар од децениската војна против Топилницата, најголемиот загадувач на Велес, кој – по заслуга на Игор Смилев и велешките екологисти – е веќе затворен. Пораката е испратена од „црниот рид“ создаден од згурата на Топилницата, со победоносната парола: No restart Topilnica. Оваа, како и сите други акции на велешките екологисти тогаш беа пресретнати со суров одговор од страна на крупниот капитал: телефонски закани по личната безбедност, потпалување на личните живеалишта, обиди за поткупување. Сепак, доследноста на идеалите ги надминува сите овие пречки на патот и го води Смилев кон конечна победа. Чесноста, непокорноста и истрајноста во јасно поставената цел победуваат! Тие карактеристики се впишуваат како главни контури на политичкиот профил на борецот за социјална правда и здрава животна средина Игор Смилев.

Види повеќе:
Правната аргументација на одбраната на Игор Смилев (случај „Топилница“)
Програма на Левица за Велес