АктуелноЛокално

Левица: Промената на ДУП-от кај Алумина произлегувааат од законските одредби во интерес на урбанистичката мафија

  • Реакција на Левица – ЛО Карпош

Вчера во библиотеката „Другарче‘‘ се одржа граѓански собир на кој се разговараше за промените во ДУП-от кај Алумина.
На собирот присуствуваа советници од различни советнички групи во Советот на општина Карпош, граѓански здруженија, иницијативи, жители од општината, членови на политички партии.

Овој ДУП овозможува, ако сака, целиот простор да го направи со еден голем блок од 35 ката или со повеќе 35 катници, со што целосно би се задушил просторот во тој дел и од ваквото решение штета ќе имаат не само жителите кои ќе живеат во тие блокови туку и целото соседство.
Левица како партија која работи за интересот на граѓаните јасно ги детектираа проблемите во урбанистичките планирања како што се носењето на ДУП-овите.

Овие проблеми во голема мера произлегувааат од законските одредби кои се кроени во интерес на урбаната мафија, а воедно законската примена е во голем дел и изиграна заради длабоките криминални практики во секој сегмент на урбанизмот, од планирање до изведба.
Истовремено сакаме граѓаните да знаат дека само партија има моќ да ги смени законите и да воспостави цврсти механизми за нивно доследно спроведување.

Во таа насока, Левица ќе се насочи кон измена на штетните законски регулативи и правилна примена на истите.
Дополнително, на седницата на Советот на општина Карпош кога ќе биде ставена точката за предвидениот ДУП на гласање повторно ја информираме јавноста дека нашата советничка група ќе гласа ПРОТИВ вакво штетно решение.