Изложба на меѓународен сликарски конак „Грација – иан 2022/23“ во Куманово
Во среда со почеток во 19.00 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде отворена изложбата на слики од Меѓународниот Сликарски конак „ГРАЦИЈА – ИАН 2022 / 2023“.
На изложбата ќе бидат презентирани дваесеттина слики од учесниците на овој проект, работени во последните две години.
Меѓународниот Сликарски конак „ГРАЦИЈА – ИАН“ е нов чинител во културниот и ликовниот живот во Куманово.
Домаќин и организатор на Сликарскиот конак е Влајко Стојчевски од Куманово, а координатор и уметнички раководител е реномираниот сликар од Куманово – Мики Трендафиловски.
На изложбата ќе бидат преставени дела работени во изминативе две години 2022 и 2023, од 17 реномирани ликовни уметници – сликари од 7 држави и тоа:
Проф. Катарина Ѓорѓевиќ и Мр.Владан Ранѓеловиќ од ФЛУ во Ниш, Паша Гициќ асистент на Универзитетот во Нови Пазар и Никола Стојановиќ самостален уметник од Врање, сите од Република Србија, Доцент Мајпејкер Јонсул од Универзитетот во Текирдаг – Република Турција, Габриеле Шафарцик од Република Германија, самостален уметник, студирала на Универзитетот во Готингент и на Академија во Краков, Проф. Др. Марин Маки Милутиновиќ од ФЛУ во Бања Лука – БиХ /Р Србска, Надежда Златкова, самостоен уметник од Велико Трново – Република Бугарија, Проф. Др. Етхем Бајмак од Призрен – Р Косово кој живее и работи и во Истамбул – Република Турција, Проф. Данчо Ордев, Драги Хаџи Николов, Др. Стојче и Еми Тоциновски, Горан Боев, Лара Ташковска, Мики Трендафиловски, Александар Стефановски и Анастасија Недељковска (млад талент) од Република Македонија.