(Видео) Јанков: Денационализацијата кај фабриката „Треска“ е организиран криминал

Членот на Централниот Комитет на #Левица – Андреа ЈАНКОВ, во емисијата „Тешки муабети” истакна дека при денационализацијата на земјиштето кај поранешната фабрика „Треска”, направени се низа пропусти.

Тој потенцира дека објектите кај оваа фабрика се изградени со самопридонес и стечајниот управник имал законска ОБВРСКА да ги легализира, односно да ги стави во стечајна маса. Со Законот за денационализација, земјиштето кај „Треска” завршува во рацете на ЕДЕН сопственик. При ваквата скандалозна денационализација, сопственикот на земјиштето станува и сопственик на ИМОТОТ на поранешната фабрика! На овој начин, објекти кои се градени со народни пари стануваат приватна сопственост.

Како последица на ваквиот криминал на цела мрежа институции, стечајците од „Треска” не можат и денес да ги наплатат своите 24 заостанати плати.

Поради организираната шема на криминали кои кулминираа со ново бетонско чудовиште во центарот на Скопје, вечерва (со почеток од 17 часот), Левица повторно ќе ПРОТЕСТИРА пред поранешната фабрика „Треска”.

Се гледаме!