Односите помеѓу Куба и земјите од Западниот свет во време на пандемија

„На своите непријатели од САД, под чие ембарго живеат веќе 6 децении, при секоја елементарна непогода први испраќаат помош, водени од премисата дека американскиот народ не треба да плаќа за гревовите на нивната влада (дијаметрално спротивно од американците, кои го бомбардираат народот кога владата не им се допаѓа).

На Европа и Африка им испратија свој персонал од лекари и донираа еден куп медицински материјали за да помогнат со ковид кризата. Може немаат многу МкДоналдси (изненадувачки, имаат барем еден), ама па затоа имаат во просек по 8.2 медицински лица на 1000 луѓе – повеќе и од „развиените“ земји. А не се они САД, да велат „Америка прва!“ и да си ги чуваат докторчињата за себе, туку се лоши комунисти кои го вреднуваат човечкиот живот во сите ќошиња на планетата.

Најлошото што го направија е сепак на својот народ. Кога видоа дека од Западот вакцини за ковид нема да добијат, седнаа и си направија своја. Извакцинираа 90% од населението со една доза, 80% со две, почнаа и мали дечиња да боцкаат. Од 9000 заразени дневно, сега се спуштија на 200, со само по 1-2 мртви на ден.

Чувајте се кај нас да не дојдат вакви лоши комунисти и да ни воведат ваква страшна диктатура!“

  • Статус на Јован Крајевски, член на Централниот Комитет на политичката партија Левица