Пет години од смртта на Командантот, пораката на Кастро во последниот говор

Во својот последен говор Кастро ја најави својата смрт: Скоро ќе завршам како и сите други…

Тој својот последен говор го имаше во април 2016 година, на неколку месеци пред својата смрт, на затварање на конгресот на комунистичката партија.

Кастро на крајот од својот говор на народот му рече дека скоро ќе умре и ги повика членовите на партијата да помогнат неговите идеи да опстанат, и така на некој начин ја најавил својата смрт.

‘’Скоро ќе наполнам 90 години’’ рече Кастро во своето најдолго јавно појавување по повеќе години.

„Скоро ќе завршам како и сите други. Времето ќе дојде за сите нас, но идејата на кубанските комунисти ќе остане како доказ на оваа планета, ако се работи со жар и достоинство, може да се произведат материјални и културни добра, кои се потребни на луѓето, и потребно е без прекин да се бориме, за тоа да го оствариме’’.

„На своите пријатели во Латинска Америка и во светот треба да кажеме дека кубанскиот народ ќе победи’’ рече Фидел. Во конференциската сала во Хаванa, делегатите се дигнале на нозе и го извикувале неговото име штом се појавил на подиумот.

Пред својата смрт, Фидел редовно во својот дом ги примал лидерите на пријателските земји и државните медиуми објавувале фортографии од тие средби.

Поранешниот претседател на Куба и Генерален секретар на комунистичката партија на Куба, Фидел Кастро е роден 13 август 1926, а почина 25 номеври 2016 година.

Во 1953 година Куба е во распаѓање. Во неговиот подоцнежен и познат говор, „Историјата ќе ме ослободи од вина“, младиот Фидел Кастро посочува на ужасните факти во земјата. После Кубанската револуција, која 1959 година завршува успешно, Куба ќе се развие во многу поразлична држава. Земјата ќе припаѓа на нејзиниот народ. 

Благодарение на Кастро, Куба е прва држава во светот според број на лекари по глава на жител (не сметајќи ја тука Сан Марино од очигледни причини) и дел од нив пружаат бесплатна здравствна помош во околните земји. Таа е прва земја каде преносот на ХИВ од мајка на дете е спречен, а има и вакцина против рак на бели дробови. Смртта кај новороденчиња во 2015 година беше пониска од таа на САД, најголемата светска економија. Неписменоста е елиминирана целосно. 

Истовремено за време на Ковид – кризата, Куба несебично испрати стотици лекари и донираше медицинска опрема низ земјите на Европа и Африка за да помогнат при справување со вирусот.

Направија своја вакцина против Ковид – вирусот и извакцинираа 90% од населението со една доза, 80% со две.  Од 9000 заразени дневно, сега се спуштија на 200, со само по 1-2 мртви на ден.

Историските факти го ослободуваат Фидел Кастро од вина!