Црвена Младина Битола: На денешен ден Македонија загуби шест народни херои

На денешен ден Македонија загуби шест народни херои, кои не треба да дозволиме да бидат заборавени. Со нивната борба за слобода на македонскиот народ испишани се во македонската историја и секогаш ќе останат запаметени, како храбри револуционери, кои до последен здив се бореле за ова мало парче земја.

Битолскиот народноослободителен партизански одред „Пелистер“, формиран над селото Лавци, Битолско, на 22 април, бил прв партизански одред формиран во битолската околија. Во неговиот состав влегле 21 борец. На 1 мај командирот на одредот, Ѓорѓи Наумов, со уште двајца борци, Н.Георгиевски и С.Трајковски, се оддалечиле од логорот и паднале во рацете на бугарска патрола. На 3 мај бил сместен и опколен од бугарската војска. Во моментот на битката одредот броел 12 борци. Во нерамна битка одредот бил разбиен, при што загинале шест борци (Димитар Николовски, Јоска Јорданоски – Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски), а Венда Христова била уапсена. Вкупно биле уапсени 11 борци, а преостанатите четворица борци успеале да се илегализираат во Битола. За оние кои сакаат да ја избришат македонската историја, бугарскиот окупатор е ослободител. За нас, оние кои застанваме на страната на нашата земја, историја и народ, Бугарија секогаш ќе остане окупатор, поради кој загинаа многу наши револуционери, дејци, борци.

Димитар Николовски – Таки Даскало — македонски комунист, учесник во НОВ. Роден е како прво дете во семејство на битолски книжар. Основно образование стекнал во Битола. По завршувањето на четиригодишното училиште се запишал во Долната гимназија во Битола. Потоа, своето образование го продолжил во Скопската учителска школа. Таму тој влегува во кругот на напредните младинци. Благодарение на високо развиениот револуционерен дух, Таки Даскало бил приморан да отпатува во Црна Гора и да се запише во училиштето за учители во Цетиње. Но и таму наскоро ќе биде разоткриен заради неговите антифашистички пропаганди и затоа се враќа во родниот град. Своето образование го продолжува во Алексинац во Србија. Активно учествува во формирањето на Првиот битолски партизански одред „Пелистер”, a по неговото формирање е назначен за политички комесар. Во повеќечасовната нерамна борба Јорданоски загинал погоден од непријателски куршум во главата. Бил закопан заедно со неговата соборка Елпида Караманди.

Мара Јосифоска – Ѓурѓа — македонска комунистка, учесничка во НОБ. Родена е во Прилеп во 1920 година како најстарата од трите сестри на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу. Уште од младински денови отишла по стапките на брата си Кузман и учествува во раздвижувањата на прилепската младина против големосрпскиот хегемонизам над Македонија. За време на бугарската окупација по 1941 година илегално престојувала во Битола. На 22 април 1942 година, со формирањето на првиот партизански одред во Битола, кон него се приклучила и Јосифоска. Обрачот околу Одредот на 3 мај 1942 година веќе бил затворен. Уште во самото утро Одредот ја прифатил борбата и покрај неспремноста со вооружување и со воена обука. Тогаш во месноста „Ореовска корија“ загинала и Мара Јосифовска-Ѓурга.

Ордан Михајлоски – Оцка— македонски виолинист и партизан, учесник во НОВ. Михајловски е роден во Прилеп во 1921 година. Бил талентиран музичар и образуван виолинист. Како член на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ во времето на неговото формирање на 23 октомври 1941 година, учествувал во создавањето на песната и составувањето на музиката за химната на партизанското движење во Македонија. По расформирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ дејствувал илегално во селото Лавци, Битолско. По формирањето на првиот Битолски партизански одред „Пелистер“, бил член на раководството задолжен за агитација и пропаганда. Загинал во текот на борбата кај Ореовската Корија, Битолско, на 3 мај 1942 година, кога одредот бил разбиен од страна на бугарскиот окупатор.
Елпида Караманди — македонска комунистка, учесничка во НОБ и народна хероина од влашка народност. Родена е во влашко семејство во Лерин, Егејска Македонија. Се преселила во Битола откако мајка ѝ се премажила. Елпида во Битола завршила гимназија. Уште во гимназијата била политички активна. Во 1938 година Елпида Караманди заминала на студии во Белград и се приклучила кон напредното студентско движење. На 22 април 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај 1942 година одредот бил опколен од бугарска војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето при што умрела. За Народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година.

Јоска Јорданоски – Сандански − македонски комунист, учесник во НОВ, првоборец. Роден во село Лениште, Прилепско, на 7 април 1921. По завршувањето на основното образование, се вработил како продавач на зеленчук во продавницата на Методија Андонов – Ченто. Во дуќанот дошол во контакт со комунистичките идеи на прилепската младина. Во 1940 година се зачленил во Месниот комитет на СКОЈ. Истата година одлежал и 15 дена затвор, заедно со роднината Ченто. По окупацијата на Македонија во Втората светска војна, Јоска Јорданоски-Сандански е еден од првите седум први прилепски партизани, кои на 12 септември 1941 година, во месноста Бидимаш на Селечка Планина, ја формирале првата партизанска чета. На 17 октомври 1941 година учествувал во формирањето на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Следната година, на 22 април 1942 година учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај одредот бил опколен од многубројна бугарска војска и полиција во близина на битолското село Орехово.

Димче Хаџи Поповски – припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење. Учесник во антифашистичката борба во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Буф, Леринско, Егејски дел на Македонија, во 1921 година. По професија бил адвокатски писар. Бил член на КПЈ. По окупацијата бил регрутиран во бугарската армија, од каде дошол во отсуство во месец април 1942 година и не се вратил назад, туку божем заминува на отслужување на воениот рок, на првата станица, со уште двајца другари, скокнал и се поврзале со Кочо Десано, за по еден ден сите да се префрлат во партизанскиот одред „Пелистер“. Познавајќи ја воената обука, тој ги подготвувал своите другари за ракување со оружје. Загинал во нерамната борба, против бугарската окупаторска полиција.

Статус на Црвена Младина – Битола


На денешен ден Македонија загуби шест народни херои, кои не треба да дозволиме да бидат заборавени. Со нивната борба за…

Posted by Црвена Младина – Битола on Monday, May 3, 2021