АктуелноИнтернационално

Мојсоска: Историјата на Африка се повторува

  • Пишува: Генералниот секретар на Левица Јована Мојсоска

Деновиве она што се случува во Африка потсеќа на последното писмо на Патрис Лумумба (првиот демократски избран премиер на ДР Конго, убиен во 1961 година по воен удар поддржан од САД и Белгија).

„…До моите синови, кои ги напуштам и кои можеби нема да ги видам никогаш повторно. Сакам да им кажам дека иднината на Конго е прекрасна и дека очекувам од нив, како и од секој жител на Конго, исполнување на светата задача за враќање на нашата независност и нашиот суверенитет.

Без достоинство нема слобода, без правда нема достоинство и без независност нема слободни луѓе. Суровоста, навредите и тортурата никогаш нема да ме принудат да барам милост, затоа што повеќе сакам да умрам со крената глава и со неуништлива верба, отколку да живеам во понизност и да се откажам од принципите кои ми се свети.

Ќе дојде денот кога ќе говори историјата. Но, тоа нема да биде историјата што ќе се изучува во Брисел, Париз, Вашингтон или Обединетите нации. Тоа ќе биде историјата што ќе се изучува во земјите кои се ослободија од колонијализмот и неговите марионети.

Африка ќе ја испише сопствената историја и на север и на југ и тоа ќе биде историја на слава и достоинство. Не плачете за мене. Знам дека мојата измачена земја ќе биде способна да ја одбрани својата слобода и својата независност.“