Петров: Една од најпаметните одлуки во животот ми беше што си заминав од АРМ

  • Фејсбук статус на Никола Петров, Координатор на Левица – Земјоделски сектор

Една од најпаметните мои одлуки што сум ја донесол во животот беше да си заминам од служба во АРМ. Со текот на годините после војната 2001 година, некој со умисла и плански ја дезорганизираше армијата, а моралот на војниците да ја бранат државата бледеше како старата униформа М-94.

Искусниот офицерски и подофицерски кадар образован во СФРЈ беше присилно пензиониран, а на негово место доаѓаше кадар “спремен” преку некои курсеви од 3 месеци или пак на полигоните во некои НАТО земји. Се брзаше со некоја трансформација на армијата по некои НАТО правила, а ниту опремата, ниту борбените средства, ниту традицијата, ниту кадарот беа спремни за тоа. Се што имавме од оружје беше произведено во југословенската и советската воена индустрија, а знаењето на старешините стекнато на воените школи во СФРЈ.

Единствен мотив за служба во армијата беше можноста за заминување на мисија во Ирак или Авганистан, кое за 6 месеци носеше добра заработувачка. После 2, 3 вакви мисии голем дел војници ја напуштаа армијата.

Денес, 22 години после војната во 2001, Република Македонија е членка на воениот сојуз НАТО. Денес, министерката за одбрана на НАТО членка, бара дозвола од општинскиот кмет, од селската власт, за да изгради споменик на загинати војници.

Е до толку е.