Во македонското судство повеќе не веруваат ни судиите

Анкетата околу ризиците за корупција во судството, спроведена меѓу судиите и обвинителите од страна на Мисијата на ОБСЕ, и Антикорупциска во соработка со Здружението на судии и јавни обвинители, доведе до фрапантни податоци.

Анкета беше анонимна и беа опфатени 427 студии  и 164 обвинители.

На прво место се истакнуваат пристрасните судски вештачења. Испитаниците ја критикуваа работата на вештаците и во кривичните и во граѓанските постапки, зборувајќи за контрадикторни вештачења и тенденција да одат во полза на страната што ги ангажирала.

Овие нарачани вештачења може значително да ги одолговлечат и да влијаат врз кривичната или граѓанската постапка. Кога судиите се соочуваат со спротивставени вештачења, тие мора да наредат и „супервештачење“ спроведено од конзилиум од тројца вештаци ангажирани од судот, стои во истражувањето.

Судиите и јавните обвинители изразија исклучителна недоверба и во работата на Судскиот совет и Совет на јавни обвинители, како и за нивната независност. Интересно е тоа дека дури 72 отсто од анкетираните судии не се согласуваат со тврдењето дека судскиот совет делотворно ја штити независноста на судството

На прашањето колку ретко, често или постојано имаат притисок :

  • 46 отсто од судиите изјавиле дека имаат притисок од нивните колеги,
  • 42% од повисоки судии,
  • 36% од извршната власт и
  • 37% од претставниците на политичките партии и други.

На прашањето колку Судски совет ја штити независноста на судството:

  • 72% од судиите одговориле дека не се согласуваат со овој став.
  • 44% од анкетираните судии одговориле дека начинот на избор на судии не е објективен.
  • 65% од анкетираните судии изјавиле дека начинот на избор на судии не е транспарентен.
  • 62% не се согласуваат дека Судскиот совет е независно тело, а
  • 37% од судиите не се чувствуваат безбедно во приватниот живот.

Според истражувањето, во јавното обвинителство статистиката е многу малку подобра отколку во судството, каде само 50 отсто од обвинителите не веруваат во независноста на Советот на обвинители.

 Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал вели оваа анализа треба да биде катализатор на промени во судството.