Резервите на оружје во Европа се речиси празни
Британија и Франција веќе објавија дека им се речиси празни резервите на муниција и оружје откако истото го испратија во Украина. Германија е под притисок на јавноста по објавите дека магацините за оружје им се речиси празни а индустријата нема кпацитет да ги пополни на кус рок од неколку години.
„За време на Студената војна, армијата во секое време беше подготвена за битка во рок од неколку часа. Сега, Путин треба да не предупреди пет или десет години однапред за ненадеен руски напад за да се справиме со тоа. Ова не е добро. Ова е длабоко разочарувачки“, изјави пензионираниот генерал Сер Ричард Баронс за Daily Mail.
Според него, состојбата на британската армија толку многу се влошила поради кратењето на финансирањето.