Протекторат: Нема доволно пари за учебници – Досега донирани 30 милиони за Украина

Во период не подолг од неколку дена Министерот за образование Јетон Шакири изјави дека државата доволно пари за да испечати учебници по сите предмети, додека Министерката за одбрана Славјанка Петровска сподели дека донациите за Украина од Македонија до сега се околу 30 милиони евра.

„Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средното образование“, вели Министерот за образование Јетон Шаќири. Тој додаде дека главна причина за доцнењето на учебниците биле „воведените реформи и дека само одделенија кои учат по нова програма имаат проблеми со учебниците, додека кај другите ученици иако со задоцнување, тие сепак се доделени“.

Според податокот кој сега го имам, не верувам дека целосно можеме да го затвориме стручното образование со учебници зашто се работи за многу предмети. Реално, за средното образование немаме за сите предмети. За основното се обезбедени за сите предмети и за новата концепција и делот што останува за средното образование ќе се надополнува, рече министерот за образование.

Шакири најави дека е се поголема веројатноста учениците сами да си купуваат учебници.

Паралелно со ова Министерката за одбрана сподели дека донациите на воена опрема за Украина ја чинат земјава 30 милиони евра.

„Сета опрема што досега беше донирана на Украина, ним им е потребна и е опрема за која украинската армија поминала обуки, односно е вешта во користењето“, рече министерката Петровска.