„Музика vs. НАТО“ – 22.09. во СЦ „Дуња“
Автентичната алтернативна сцена не прифаќа сојуз со империјалистички сили чив питбул е милитантната организација НАТО. Затоа, на 22 септември во организација на ДСП Ленка, непосредно пред референдумот кој има за цел единствено Македонија да ја потчини и направи соучесник во војните за профит, ќе се оддржи антимилитаристички настан во социјалниот центар „Дуња“ кој се наоѓа спроти Градежен Факултет позади постојката. Ќе има изложба на слики, проекции на филмови, оброк со порака(Food Not Bombs) и ќе настапуваат музички уметници кои се сè уште автентично антимилитаристи.
Vasko Atanasoski Васко Атанасоски
Puka Kozmetika
Melanie & the Boycoats
DISCLASS
Swing Walkers
*Артисти ќе има во текот на целиот ден, повеќе детали за останатите изведувачи наскоро.
ПРОТИВ ВОЈНИТЕ ЗА ПРОФИТ!
НАТО НИТУ ПОД УСТАВНО ИМЕ!