Кичево: Да го дадеме потписот за Ванковска, за да ја спасиме татковината

Ве известуваме дека е започнат процесот на собирање потписи за професорката Билјана Ванковска за претседателски кандидат, известуваат од ЛО на Левица од Кичево.

-Со вас треба да понесете само лична карта или пасош. Работното време е секој ден од 08:00 – 20:00 часот вклучувајќи и сабота и недела – вела од партијата.

Отамму порачуваат дека ако го дадеме потписот за Билјана Ванковска, го даваме потписот за спас на татковината.