Синдикатот побара политиката да се држи на страна од полицијата

Полицискиот синдикат апелира да не се злоупотребуваат полициските службеници за предизборна кампања, додека стручњаците велат со вакви потези на политичарите тие сакаат да демонстрираат посветеност кон граѓаните за да соберат политички поени. По ненајавената посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово, од синдикатот велат дека никој не му брани да влегува во институцици, но нагласија дека таму не треба да се води политика и побараа од министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

Ова следува откако вчера техничкиот премиер Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово, а од видеото што беше објавено се гледа како тој со повисок тон им се обраќа на  вработените во една од канцелариите и бара информации за нивното присуство а за тие што не работат во таа канцеларија вели да ја напуштат.

Јавно извинување од техничкиот премиер Талат Џафери побара техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.