Потписот за Ванковска е почеток на борбата за враќање на Македонија кај народот

Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува почеток на борбата која ја започнавме. Борба со која што конечно ќе ја вратиме Македонија во рацете на народот, порачаа од Левица.

-Вчера и официјално започна рокот за собирање на потписи за кандидатура на проф. д-р Билјана Ванковска, кој ќе трае до 8 Март (Петок). Вашиот потпис за поддршка можете да го дадете во подрачните канцеларии на ДИК во вашата општина, кои се отворени секој ден (вклучително и викенд) од 08:00 до 20:00 часот, велат од партијата.

За сите жители во реонот на градот Скопје, во продолжение се точните локации на подрачните канцеларии на ДИК:

За жителите на општините ЦЕНТАР и АЕРОДРОМ: Адреса: ул. „Михаил Цоков” бр. 1, нас. Дебар маало, О. Центар (барака бр.1 во самата Општина);

За жителите на општините КАРПОШ и ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Адреса: ул. „Стрезово” бр.7 нас. Козле ( барака до средно угостителско училиште „Лазар Танев“)

За жителите на општините КИСЕЛА ВОДА, СТУДЕНИЧАНИ,ЗЕЛЕНИКОВО и СОПИШТЕ: ул. „Петар Дељан” 17, нас. Кисела Вода ( барака бр. 9, канцеларија бр.20, во самата Општина);

За жителите на општините ГАЗИ БАБА, ИЛИНДЕН и ПЕТРОВЕЦ: ул. „Архимедова” 2, нас. Автокоманда ( првата барака од лева страна кога ќе се влезе на главниот влез наспроти х. Континентал, канцеларија 7);

За жителите на општините БУТЕЛ, ЧУЧЕР САНДЕВО, ЧАИР и ШУТО ОРИЗАРИ: Адреса: „Бутелска“ бб Скопје, нас. Бутел (бараката помеѓу полициската станица во Бутел и црквата Св. Јован).