Лагите за економскиот просперитет кој не чека во НАТО и ЕУ

Може најглавната поента на владината пропаганда за референдумот е за економските придобивки кои Македонија би ги имала доколку биде примена во НАТО и ЕУ (некогаш, за 15 години, нели). Притоа, се вели дека во Албанија се зголемило БДП-то после приемот во НАТО во 2009 година и дека во Бугарија се зголемило БДП-то поради приемот во ЕУ во 2007 година. Но, краток поглед на БДП-то на соседните земји покажува дека ова воопшто нема врска со влезот во ЕУ и НАТО на земјите.

Имено, Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово бележат константен пораст на БДП, додека после 2008 следи стабилизација или пад, како што е случајот со Грција. Притоа, Македонија, Србија и Косово во овој период не се членки ниту на ЕУ, ниту на НАТО, па членството не е никакво објаснување за овој феномен. Дури и доколку се следи БДП-то на светско ниво, тоа исто забележува константен пораст во периодот од 2000 до 2008, што во целост се совпаѓа со порастот на БДП-то во споменатите земји. Веројатно, да беше ДПМНЕ на власт, подеднакво смешна пропаганда ќе тераше – нешто во смисол  дека овој светски пораст на БДП се должи на добрите економски политики на Груевски откако станал премиер во 2006.

Во прилог следат слики кои го прикажуваат БДП-то во Македонија, Србија, Косово, Бугарија, Грција, Албанија и на светско ниво низ изминатите години. Податоците се преземени од World Bank.

[Best_Wordpress_Gallery id=”21″ gal_title=”Пораст на БДП”]

Автор: Јован Крајевски, член на Централниот Комитет на Левица