АктуелноЛокално

Крмов: СДС е малцински партнер во Владата на ДУИ

  • Говор на пратеникот од Левица Борислав Крмов

Покрај говорите на премиерот Ковачевски кои најмногу се фокусираат на него самиот, забележуваме дека фактичката состојба е поразителна. Ова мнозинство го започна мандатот со 64 пратеници за после толкав број прекројувања повторно да брои 64 пратеници.

Не се случува зголемување на мнозинството и уште помалку приближување кон Европа, бидејќи и експертското мнение е дека ние никогаш подалеку не сме биле од Европа. Во оваа состојба прифаќањето на бугарските барања не се однесува на патот на евроинтеграциите туку за спас на Владата на ДУИ и СДСМ преку пазарење.

СДСМ поради потчинетиот однос кон ДУИ им ги извршува валканите работи како уништувањето на албанската опозиција – партии кои се конципирани на анти-ДУИ принципи и заложби.

За неколку месеци власт овие партии се соочуваат со можноста за распад и политички дебакл на следите парламентарни избори.