СДС и ДУИ ги оставаат граѓаните на цедило додека им помагаат на капиталистите

  • Реакција на ЛевицаСектор економмија

Додека македонските граѓани се соочуваат со енормна инфлација и зголемени цени на основните прехранбени производи, владата предводена од СДС и ДУИ им помага на бизнисите и на богатите!

Имено во споредба со јануари минатата година, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека најголем годишен раст, од 39,1 процент, има кај лебот и житата, па потоа се млекото, сирењето и јајцата, со 36,2 проценти, и на трето место е месото, со 28,3 проценти.

Овој огромен раст на цените особено на лебот и житните производи, и млекото и млечните производи се во голема мера резултат на систематското уништување на млекарската индустрија и на земјоделството во Македонија, каде што огромен број на земјоделски посеви остануваат необработени се со цел да се увезува од други држави и со тоа поединци блиску до власта да профитираат.

Во толку тешка економска ситуација за една сиромашна држава како нашата, најмалку што треба да направи една власт е да ги замрзне цените на основните прехранбени производи за да можат граѓаните полесно да го поминат месецот. Но олигарската СДС и ДУИ наместо да помогне на сиромашните помага на богатите и им ја субвенционира струјата!

Јавно ги прашуваме СДС и ДУИ: Дали имаат намера да помогнат на „обичните смртници“ во оваа неверојатно тешка криза?!?