ЕУ побара да се почитуваат Договорите, Прилеп одговори со герила

Откако вчера беа уништени поставените табли на спомениците со назнака „дел од хеленската цивилизација”, денес на интернет осамнаа видеа од герили-акции во Прилеп каде се крши таблата на Агенцијата за вработување со Северна Македонија. Во друго објавено видео се прска со спреј новопоставениот натпис во Прилеп на споменикот на Александар Македонски.

На ова вчера му претходеше уништување на поставените табли со спреј на мостот „Око”.

На објавените видеа во позадина тече партизанската песна „Во борба”, симболично пред државниот празник 11-октомври. Отпорот против Преспанскиот Договор кулминира, додека вчера во Извештајот на Европската комисија беше побарано да се почитуваат билатералните договори во соседните Грција и Бугарија.


Отпорот во Прилеп

Неколку дена пред 11 Октомври, симболично 'пукна' таблата на Северна во Прилеп. Името ќе го вратите и ќе одговарате КВИСЛИНЗИ!#СамоМакедонија

Публикувахте от Б о ј к о т и р а м в Сряда, 7 октомври 2020 г.