Андоновски: Триесет и кусур години им веруваме на европските бирократи

Триесет и кусур години (Жак Сантер и Жак Делор повлекоа нога) на овие простори доаѓаат разни емисари во облик на претседатели, премиери, канцелари, министри, комесари, амбасадори, принцови, лордови, посредници, медијатори, олеснувачи, разноразни белосветски хоштаплери и битанги, и триесет и кусур години ништо добро не направиле.

Сите ветувале брда и долини, а зад себе оставале уште поголем пустош. И сите до еден доаѓале само со една иста цел – да запишат понекој пасус повеќе во нивната професионална биографија и(ли) да одработат нешто во интерес на оние што ги испратиле и тотално не ги болело уво какви ќе бидат реперкусиите врз тукашните народи откако ќе заминат.

На дел им ги памтиме имињата, на повеќето не. Најголемиот дел не се веќе ниту во политиката, туку уживаат некаде од плодовите на својата работа…
И ние уште, и по 30 години, си поставуваме прашања од типот “дали може да им се верува на Шолц и Макрон”.

Па нормални ли сме бе ние воопшто?
(ова “ние” – читај уредници на медиуми кои поставуваат вакви инфантилни “дилеми” како теми за емисија или напис)

п.с. не ја гледав емисијата, ама знам што кажал Ристо, а знам и што кажал Нано. Нека им е со среќа на студентите што ги образува Нано.