Апасиев: Се што Бугарите не успеале за време на окупацијата, го постигнуваат сега
Додека во јавноста протекуваат детали од билатералниот Протокол со Бугарија на бугарски јазик, македонското МНР не го објавува, обвинувајќи ги медиумите за лажни вести.
Власта со постојаните контрадикторни изјави ја збунува јавноста – дали воопшто Протоколот е усвоен, потпишан и кога навистина ќе биде објавен.
Претпоставката дека Владата овој Протокол се крие од македонската јавност само ги разгорува сомневањата за уште едно велепредавство на државата од кои се плаши народот. Пратеникот Димитар Апасиев кратко се огласи на фејсбук профил и констатираше дека се она што Бугарскиот фашистички окупатор не го успеал за време на Втората светска војна, тие практично го постигнуваат со овој протокол.
Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан – балистите и врховистите).