Виенскиот Enzi мебел за седење во петок ќе биде поставен пред КИЦ
Во петок (1.12.2023) во 12 часот ќе биде презентирано првото Enzi пред Културно информативниот центар – Скопје , со кусо обраќање на австрискиот амбасадор Мартин Памер, директорот на КИЦ Антонио Димитров и претставник на Град Скопје.
Мебелот Enzi е дел од мебелот во дворот во Музејот Квартиер (MuseumsQuartier) во Виена од 2002 година, таканаречен дворски мебел. Дизајниран е од архитектите Ана Попелка и Георг Подушка. Името се однесува на Daniela Enzi, која беше прокурист на MuseumsQuartier до 2012 година. Enzi-те се сметаат за култни предмети во Музејот Квартиер.
По повод промоција на Годината за човекови права 2023 година, а особено настаните како дел од 30-годишнината од Виенската светска конференција за човекови права (Виена+30), во чии рамки беа поставени 20 брендирани парчиња од мебелот за седење Enzi за јавни површини низ цела Виена, Амбасадата на Австрија во соработка со Културно информативниот центар – Скопје, има чест да го најави поставувањето на првото Enzi во Скопје.