„Stolen moments“ изложба на фотографии од Виктор Соколовски

Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2, 25 април, 20,00 часот

Почитувани

Културно-информативниот центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на фотографии од Виктор Соколовски насловена „Stolen moments“

Фо­то­графот Ви­ктор Со­ко­лов­ски ќе ѝ се прет­ста­ви на пуб­ли­ка­та со деветтата самостојна из­лож­ба на фо­то­гра­фии, од 25 април до 4 мај, во са­ла­та Им­пе­ри­јал 2, во Кул­тур­но-ин­фор­ма­тив­ни­от цен­тар. На оваа из­лож­ба се прет­ста­ву­ва со се­ри­ја портретни фо­то­гра­фии од кон­цер­ти.

Со­ко­лов­ски е пасиониран љубител на музиката и фо­то­граф што со де­це­нии фо­то­гра­фи­ра на „Скоп­ски­от џез-фе­сти­вал“, „ОФФест“ и на слич­ни музички и културни ма­ни­фе­ста­ции во зем­ја­ва и ре­ги­о­нот. Ста­ну­ва збор за огро­мен број фо­то­гра­фии – нај­че­сто пор­тре­ти на му­зи­ча­ри, напревени за време на концертите на кои при­сус­тву­вал ка­ко гле­дач, но и ка­ко фо­то­граф до­пис­ник, за еден од нај­ре­но­ми­ра­ни­те пор­та­ли за кул­ту­ра во ре­ги­о­нот – SEECULT од Бел­град.

Со­ко­лов­ски е ина­ку ма­ги­стер по ге­о­де­зи­ја а со фо­то­гра­фи­ја се „заразува“ во детството, на курсевите организирани од Народна техника. Пред пуб­ли­ка­та прв­пат са­мо­стој­но се прет­ста­вил во Скоп­је, во 2007 го­ди­на, во ви­но­те­ка­та „Те­мов“, ка­де што из­ло­жил 200 фо­то­гра­фии, пре­теж­но пор­тре­ти на му­зи­ча­ри и го­сти на­пра­ве­ни за вре­ме на „свир­ки“ во овој сво­е­вре­ме­но кул­тен но­ќен клуб. По­тем, на два­па­ти из­ло­жу­вал во Фран­ци­ја, во Ка­ен и Ифс, ка­де што ја по­ну­дил сво­ја­та ко­лек­ци­ја на фо­то­гра­фии сни­ме­ни во ста­ра­та скоп­ска чар­ши­ја. Во рам­ки­те на про­гра­ма­та „Ма­ке­до­ни­ја без ди­скри­ми­на­ци­ја“ во 2009 го­ди­на ја освои спе­ци­јал­на­та на­гра­да на жи­ри­то за нај­до­бра фо­то­при­каз­на, на те­ма­та „Ед­на­кви мож­но­сти и (НЕ) ди­скри­ми­на­ци­ја“, а две го­ди­ни по­доц­на на „Млад отво­рен те­а­тар“ (МОТ) се прет­ста­ви со из­лож­ба­та „Три“, со фо­то­гра­фии од три прет­ста­ви оди­гра­ни на три раз­лич­ни сце­ни во ед­на иста ноќ сни­ме­ни на прет­ход­но­то из­да­ние на оваа зна­чај­на кул­тур­на ма­ни­фе­ста­ци­ја. Иста­та ко­лек­ци­ја, по по­ка­на од ор­га­ни­за­то­рот, след­на­та го­ди­на бе­ше прет­ста­ве­на на фе­сти­ва­лот „Бош“ во Ге­вге­ли­ја. На Де­но­ви­те на ма­ке­дон­ска фо­то­гра­фи­ја што се одр­жаа во Охрид во 2021 го­ди­на, а чиј тра­ди­ци­о­на­лен ор­га­ни­за­тор е Фо­то­со­ју­зот на Ма­ке­до­ни­ја, за ко­лек­ци­ја­та нас­ло­ве­на „Ге­не­за“, умет­ни­кот ја освои тре­та­та на­гра­да во оваа ка­те­го­ри­ја.

Во 2021 година во Кинотека на Република Македонија, се претставува со колекција фотографии под името „Претстава“, направени на разни театарски сцени.

Истата колекција ја изложува на 11.10.2021 година во Подгорица, под покровителство на КИЦ-Подгорица и Амбасадата на РМ, како и во 2022 година. во фоајето на НТ Битола, во рамките на фестивалот за филмска камера Браќа Манаки.

Изложбата ќе биде отворена до 13.04.2023 година.