Јанески им фрли ракавица на младите „лидери“: Јас сам – против сите вас
- Пишува: Марио Јанески – Претседател на Црвена Младина
Гледам на Телевизија 24 ги повикале да дебатираат младите „лидери”. Пред да искоментирам нешто, да се пофалам себеси дека издржав да ја ислушам целата емисија без да повратам.
Едниот, Luka Pavikevik во име на средношколците зборува дека амбасадите биле најдобар партнер на младите и требало да се финансира сузбивањето на еу-скептицизмот. Друже учиш во приватно училиште, не знам од каде легитимитет и легалитет да зборуваш за средношколците. Веројатно од невладиниот сектор кој те финансира.
Дргуиот Marko Mihailoski вели дека ќе престанело иселувањето на младите откако сме почнале преговори со ЕУ. (а не сме почнале)
Третиот Сергеј Попов звучи како навиена касета на треторазреден политичар, навиена во штабче на ДПМНЕ.
Момци, не може вие да зборувате за решавање на проблемите на младите, а сте во политички партии и поддржувате политики и идеологии кои ги креираа проблемите на младите. Не може оние кои ги создадоа проблемите, да ги решат истите. Да не зборувам за креативноста и дека освен верглање на празни здосадени флоскули не нудите никави решенија. Гарантирам да ве слушал млад човек, максимум би издржал три минути да ве ислуша. Вие сте надвор од реалноста. Не можете во костими од удобните простории на Белата Палата и Бихачка да ни кажувате за младите.
А бидејќи телевизиите упорно ја игнорираат и Левица и Црвена Младина како подмладок, еве јавно ве предизвикувам.
Одберете медиум, провладин или проопозициски, сеедно. Одберете место и новинари. Викнете ги и драгите пријателчиња од невладините, Лука, Бленди и останати. Викнете кого сакате. Во живо.
Јас сам, вие сите.