Регулаторен (манипулаторен) калкулатор на твојата сметка за струја

Пишува: Дејан Димовски

На страната на РКЕ има поставено калкулатор на твојата сметка https://www.erc.org.mk/page.aspx?id=478

Доколку во месец јануари 2024 г потрошите 500 KWh електрична енергија (300 KWh ВТ + 200 KWh НТ – 210KWh прв блок + 90KWh втор блок) ќе добиете сметка од ЕВН во вредност од 3614 денари со вклучен ддв = 58,76 евра. Доколку потрошите двапати по 500 KWh ама сметано во прв и втор блок без да пресметуваме трет и четврти блок би требало да платите 2х58,76 евра = 117,52 евра.

Просечната месечна цена во јануари 2024 г на електричната енергија на Унгарската берза hupx https://hupx.hu/en/market-data/dam/historical-data изнесува 87,10 евра за 1MWh што е помалку за 20,4 евра за 1000 KWh од струјата за домаќинствата во Македонија.

Замислете да одлучите во месец јануари 2024 г да ги спуштите осигурачите дома и да не трошите струја, 0 KWh потрошена електрична енергија ќе добиете сметка од ЕВН во вредност од 420 денари со вклучен ддв = 7 евра.

Хипотетечки, доколку цела Македонија потоне во мрак и 600 000 домаќинста не трошат струја тогаш ЕВН ќе инкасира 50 400 000 евра годишно минус ддв (задржавата па нели треба да има 3000 евра плата за Бислимовски).

Кого прават будали Бислимовски и Бектеши

Пак да си ги гласате