Руската армија: Ги предупредивме меѓународните организации за планирани провокации од страна на Киев

Режимот во Киев подготвува провокација во Одеса со цел да ја обвини Русија за уништување цивилна инфраструктура и убивање цивили, изјави на брифингот шефот на Националниот центар за управување со одбраната, генерал-полковник Михаил Мизинцев.

Како што објасни тој, во план е исценирано уништување на една од јавните згради, и сето тоа изведено со статисти кои ќе се преправаат дека се жртви на масовно убиство за 500 до 1000 долари.

Како што посочи Мизинцев, за реализација на ваквата планирана и сценирана провокацијата, скоро во градот пристигнале странски новинари и соработници на УНИЦЕФ.