Мустафаоглу: Дали Стојкоски му пренесе на Мицкоски дека Ѓорче Петров е најзагадена општина
- Пишува Дарја Мустафаоглу – член во Советот на Општина Ѓорче Петров при политичката партија Левица
Му кажа ли градоначалникот Стојкоски вчера на Мицкоски дека:
- Реализацијата на Програмата за заштита на животната средина и природата на подрачјето на Општина Ѓорче Петров е 0% ;
- Реализацијата на Програмата за чист воздух на подрачјето на Општина Ѓорче Петров е 0%
- Дека општинските инспектори немаат изречено ниту една глоба за сторен прекршок од областа на јавната чистота
- Дека телефонските броеви за пријавување загадувач во Општината не функционираат или никој не се јавува
- Дека жителите во Дексион се угушија, печат очи од токсичноста на воздухот
- Дека со денови гори дивата депонија на излезот од Ѓорче Петров
- Дека ништо не презема околу неподносливата реа која доаѓа од Општина Сарај каде што се пали секаков отпад, со цел да не ги расипе односите со ДУИ
- Дека деновиве Ѓорче Петров е една од најзагадените општини?