Мустафаоглу: Дали Стојкоски му пренесе на Мицкоски дека Ѓорче Петров е најзагадена општина

  • Пишува Дарја Мустафаоглу – член во Советот на Општина Ѓорче Петров при политичката партија Левица

Му кажа ли градоначалникот Стојкоски вчера на Мицкоски дека:

  1. Реализацијата на Програмата за заштита на животната средина и природата на подрачјето на Општина Ѓорче Петров е 0% ;
  2. Реализацијата на Програмата за чист воздух на подрачјето на Општина Ѓорче Петров е 0%
  3. Дека општинските инспектори немаат изречено ниту една глоба за сторен прекршок од областа на јавната чистота
  4. Дека телефонските броеви за пријавување загадувач во Општината не функционираат или никој не се јавува
  5. Дека жителите во Дексион се угушија, печат очи од токсичноста на воздухот
  6. Дека со денови гори дивата депонија на излезот од Ѓорче Петров
  7. Дека ништо не презема околу неподносливата реа која доаѓа од Општина Сарај каде што се пали секаков отпад, со цел да не ги расипе односите со ДУИ
  8. Дека деновиве Ѓорче Петров е една од најзагадените општини?