Туризмот и империјализмот (втор дел)
Пишува Никола Петров, Координатор на Левица – Сектор туризам
(Оваа колумна е продолжение на Туризмот и империјализмот)
По Втората Светска војна и формирањето на ОН во 1947, 750 милиони луѓе, скоро една третина од светското население, живееја на територии кои беа зависни од колонијалните сили, спрема ОН, 2021. Ова резултираше новите нации на Глобалниот југ, да формираат групи како Движењето на Неврзаните за да се спротивстават на западната доминација, да поттикнат мултилатерализам во меѓународните односи и да ги туркаат нивните интереси, Морфет, 2004.
Имаше став дека глобалниот север му должи на глобалниот југ помош, технологија и услови за правична трговија поради штетите на империјализмот, ропството, принудната работа и експлоатацијата. Невозможно е да се разбере индустријализацијата на земјите со високи приходи без притоа да се повикаме на моделите на екстракција што ја поткрепувале.
Нееднаквата размена и загубите на глобалниот југ, почнаа да се намалуваат во текот на 60-тите и 70-тите, кога Движењето на Неврзаните беше во пораст, а меѓународните цени беа релативно еднакви. Односот меѓу туризмот и империјализмот и колонијализмот , неговата заплетканост со колонијалната моќ е длабоко вкоренета и сложена.
Дали знаете зошто луѓето како мене се срамат да бидат капиталисти? Затоа што ние, онолку долго колку што ве познаваме, бевме капитални, како балите памук и вреќи со шеќер, а вие бевте сурови капиталисти, и сеќавањето на ова е толку силно, искуството е толку скорешно, и не можеме да се натераме да ја прифатиме оваа идеја која толку многу ја мислите, – Кинкаид, Јамајка, 1988.
Туризмот се храни со колонијалниот импулс. Дел од апелите за туристичко патување во чудесни земји, е туристички производ кој можат да си го дозволат само покровителите на сиромашното домицилно население, кој можеби и не знае за подобар начин на живот од оној на нивната татковина. Туризмот, на многу начини е еден вид колонијализам, – Бонифас и Фаулер, 1993.
Империјалната колонијална доминација преку туризмот се гледа и во односите меѓу туристите и туристичките работници. Всушност идеологијата на супериорност што ја идентификуваше Бхабха 1994, е пресликана во односот на туристичкиот вработен, која се гледа во некои форми на туризам.
Спрема Робинсон 2017, еден од најсуровите аспекти на колонијализмот е начинот на кој ги принудува колонизираните на сервилност и послушност. Таквата сервилност е искористена во секторот за крстарење во кој доминира мултинационална работна сила која се заснова на експлоатација на работниците од глобалниот југ заради висока профитабилност на компаниите за крстарење од глобалниот север.
Брод за крстарење е врвен пример за неоколонијалистички туризам, каде што западниот свет доаѓа во директен контакт и е опслужуван од работници од земјите во развој. Патниците кои се претежно бели се опслужувани од работници кои се претежно црнци.
Неретко ланците на хотели во карипските острови го тераат персоналот да се облекува во колонијални костуми за да го презентираат богатото земјоделско наследство. При тоа се користи практика на поклонување и наведнување при давањето на услугите на туристите. Претпоставувате и во овој случај станува зборoт за работници со темен тен.
Развојот на туризмот во Кенија бил изграден врз колонијални структури и главно им служел на социјалните и економските интереси на доселеничката заедница и меѓународните туристи.
Со овие примери можеме да видиме како туризмот ги унапредува целите на империјализмот и одземањето на богатството, ресурсите и автономијата на локалното население, бидејќи нивните влади подлегнале на притисоците да се вклучат на глобалниот пазар барајќи странски инвеститори, нудејќи го своето населени како евтина работна сила и покрај наместениот систем на нееднаква размена.
При разгледувањето на овие примери, а и многу други, ќе мора да се насочиме кон форми на туризам кои повеќе ќе одговараат на правата и потребите на локалната заедница. Мултинационалните компании ќе мора да се ограничат, а владите развојот на туризмот да го насочуваат претежно кон јавното добро и благосостојба на своите граѓани.