АктуелноЛокално

Израелските сили извршија „рација“ во џамијата за време на молитва

Израелската полиција изврши рација во комплексот на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим, при што медицинските лица пријавија најмалку 150 повредени. Дополнително уште стотици Палестинци се приведени откако израелските сили го нападнаа комплексот на џамијата пред зори.

Палестинската служба за итни случаи на Црвена полумесечина соопшти дека го евакуирала поголемиот дел од ранетите. Тие исто така соопштија дека израелските сили го попречиле пристигнувањето на амбулантни возила и болничари во џамијата. Палестинските медиуми наведуваат дека десетици повредени верници останале заробени во џамијата.

Израелската полиција соопшти дека уапсила најмалку 300 Палестинци за време на последната ескалација. Палестинските извори наведуваат бројка од над 400 апсења. Палестинскиот снимател Рами Ал-Хатиб, кој беше сведок на рацијата, за новинарите изјави:

„Тие [израелските сили] брутално го испразнија комплексот. Тие ги напаѓаа вработените во џамијата, обичните луѓе, постарите, младите. Имаше многу повредени, тие испукаа гумени куршуми во комплексот на џамијата Ал Акса. Ги тепаа сите, дури и болничарите, ги удираа.“

Известувајќи од портата Дамаск, Наџван Aл-Самри, новинарка од Ал Џезира рече дека израелската полиција упаднала во комплексот на џамијата без изговор и ги нападнала верниците во близина на молитвената сала Кибли по утринската молитва.

Таа додаде дека до ескалацијата дошло кога екстремно десничарските еврејски групи повикаа на рации во комплексот на џамијата Ал-Акса за време на еврејскиот празник.