Левица Битола повикува на јавен протест против отварањето на клубот „Ванчо Михалјов“

  • Соопштение на ЛО Левица – Битола

Поради отворањето на клуб под името на еден од промоторите на фашизмот, империјализмот и антимакедонските политики, Иван (Ванчо) Михајлов, ЛЕВИЦА-Битола повикува на јавен протест!

Да го зачуваме македонското национално достоинство и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата, утре (сабота, 16 април) во 13 часот на плоштадот Гоце Делчев(пред Домот на Култура) да се мобилизираме и го искажеме нашиот револт!

Најстрого ја осудуваме дозволата за отворање на ваков клуб во Македонија, премолчувањето за ваквата иницијатива од страна на Владата на Република Македонија која индиректно поддржува рехабилитација на фашизмот, империјализмот и антимакедонизмот!