Заради протераните дипломати Русија ќе преземе одредени чекори

  • Соопштение од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Македонија.

Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани. Руските дипломати никогаш не се мешаа во внатрешните работи на Македонија и не извршуваа дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи.

Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „personae non grataе“ на 28 март годинава.