(Видео) Левица бара намалување на патарините за 50% и исплата на плата најкасно до 5-ти во месецот
Денес, пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија поднесоа два предлог-закона кои се однесуваат на намалување на цената на патарините и намалување на времетраењето на договорите на определено време.
Со првиот предлог-закон за изменување на Законот за јавни патишта, предлагаме намалување на висината на енормно високата цена на патарините за 50 проценти. Дополнително, со нашите предложени измени, се предвидува одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.
Со вториот предлог-закон за изменување на Законот за работни односи, пратениците од Левица предлагаат намалување на горната граница од пет години на шест месеци за договорите на определено работно време. На овој начин, ќе се стимулираат работодавците да ги пријавуваат работниците на неопределено време, со што се обезбедува материјална сигурност за работниците.
Дополнително, предлогот на Левица предвидува и исплатата на платата да се реализира најдоцна до петтиот ден од месецот, со што ќе се намалат можностите за манипулација од страна на работодавците.