(Видео) Црвена Младина бара пратениците да го изгласаат Законот за субвенциониран студентски оброк

  • Реакција на Црвена Младина.

Како политички подмладок чувствуваме одговорност да се обратиме по повод новите случувања во собранието на Република Македонија кои директно ги засегаат младите, особено студентите во Македонија.

Имено, пратениците на Левица изминатиов период поднеса предлог закон за изменување на законот за субвенциониран студентски оброк во кој се предвидува прилагодување на сумата која студентите ја земаат од 120 денари на 150 денари дневно, односно зголемување од околу 600 денари месечно.

За жал, собранискиот состав одбива да го стави овој предлог закон на дневен ред од за нас нејасни причини. Во владиниот сет за анти-кризни мерки може да забележите дека никаде не се споменати студентите. За загриженоста на владата за младите може да просведочиме и со тоа што наместо со уредба да ја укинат мерката која тие ја донесоа со која се прекинува бесплатниот превоз за средношколци и студенти, тие со уредба воведуваат двојазични униформи во полицијата.

Затоа ние повторно ќе апелираме во името на сите студенти во Македонија, овој предлог закон да се стави на дневен ред и да се изгласа што е можно поскоро, и воедно ги повикуваме и останатите младински организации во државата и универзитетските студентски собранија од сите универзитети , јавно да го поддржат овој предлог закон на пратениците на Левица.