Словачка протестира против распоредувањето на американски и НАТО сили во нивната земја

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, заедно со лидерот на владејачката коалиција Игор Матовиќ и министерот за одбрана Јарослав Нада, претходно ветија дека доколку некогаш се постигне договор со вооружените сили на САД, тогаш во земјата мора да се одржи референдум.

Меѓутоа, властите во Словачка не го исполнија ветувањето, а словачкиот парламент одобри распоредување странски војници на НАТО во земјата, чиј број може да достигне 2.100.

„Прво, ќе биде распоредена единицата ‘Засилено прогресивно присуство’ на НАТО, со околу 1.200 луѓе кои доаѓаат од Чешка, Германија, Холандија, САД, Полска и Словенија“, изјави министерот за одбрана Јарослав Наѓ.

Предлогот за распоредување, кој беше прифатен од Владата на 9 март, беше одобрен од 96 од 134 присутни пратеници, а 15 беа против. Гласањето се случува само неколку дена пред првата посета од американскиот Министер за одбрана на Словачка.

Тоа значи дека американските вооружени сили можат да донесат секаков вид оружје на територијата на Словачка, вклучително и нуклеарно оружје, без верификација од словачката полиција и армија. Словаците не можат да се согласат со фактот дека припадниците на американската армија се ослободуваат од секаков вид на криминална и материјални одговорности.

Проамериканскиот ТВ канал „Маркиз“ наведе дека дури 66% од Словаците се против договори со вооружените сили на други земји. Во меѓувреме во Словачка отпочнаа масовни протести против ваквата одлука на домашните власти.