АктуелноИнтернационално

САД и ЕУ ги молат Иран и Венецуела да им помогнат во справувањето со енергетската криза

  • Фејсбук статус на Дарко Тодоровски – Магистер по Меѓународни односи и воен аналитичар.

Додека цените на нафтата и гасот уриваат рекорди на светските берзи, САД и ЕУ ги молат Иран и Венецуела да им помогнат и да ги спасат.

-Висока делегација од САД денес итно беше во Венецуела кај претседателот Мадуро, кој што САД не го признаваат, да молат за испорака на тешката венецуелска нафта во САД. Мадуро ги откачи, и изјави дека останува со Кина, Русија, Куба, Иран и другите држави. САД со години воведуваа жестоки и брутални санкции против Венецуела, а денес молат за помош…

-Деновиве ЕУ го молеше Иран за итна испорака на нафта, а за возврат ЕУ ќе укине дел од санкциите. Иран ги откачи, Иран минатата година склучи стратешки договор со Кина на 25 години. Целата иранска нафта оди за Кина, плус Иран има стратешки договор со Русија. Израел најави дека доколку САД и ЕУ ги укинат санкциите против Иран, Израел ќе го бомбардира Иран.

-На почетокот на 2022 година во Пекинг се оддржа самит на Кина со Заливските монархии. Најголем дел од нафтата и гасот одат за Кина. Кина ги врза со долгорочни договори.

-Пред војната во Украина, Русија го врза за себе Азербејџан и Казахстан.

-Денес Русија, Венецуела, Иран, Ирак, Азербејџан, Казахстан, Либија, Туркменистан, Мјанмар, Алжир и Кина контролираат повеќе од 60% од светската нафта и 70% од гасот и нивната испорака.

-Ништо од ова што денес се случува не е случајно. Се е резултат на однапред подготвена стратегија на сите нивоа.

За прв пат во историјата Западот нема контрола врз стратешките светски ресурси, енергенсите, минералите и храната. Западот ја изгуби и воената надмоќ. Но, Западот уште ги контролира финансискиот систем и добар дел од технологиите.

Но, наскоро следи создавање на пандан на западниот финансиски систем. А не е исклучено и враќање на златниот стандард…