18-ти август беше Ден на Армијата на Република Македонија

  • Фејсбук статус на Никола Петров – член на Централниот комитет на Левица

По осамостојувањето на Република Македонија од СФРЈ и повлекувањето на тешкото вооружување и опрема од касарните во Македонија кон Србија, АРМ почна да се формира лека – полека, но, со слаба опременост и борбена готовност.

Во 90-тите АРМ функционираше по принципот на задолжително служење воен рок при што борбената готовност се базираше на офицерскиот и подофицерскиот кадар, редовните војници и резервниот состав.

Крајот на 90тите се почна со постепено професионализирање на армијата, но воената опрема беше застарена, нефункционална како и вооружувањето. Униформите и опремата што се користеа беа наследени од ЈНА, потоа во фабрика од Тетово се шиеше униформата на македонските војници под моделот М-94 и М-96.

Почетокот на војната во 2001 година ја покажа дезиориентираноста на војската со другите безбедносни служби, како полицијата и тајните служби, а особено беше катастрофална врската помеѓу АРМ и МО, и политичките структури и врховниот командант.

Поради вакви пропусти и протекување на информации, голем број припадници на АРМ го загубија животот во наместени заседи, беа ликвидирани. Од друга страна, политичарите во редовите на МО и МВР, како и врховниот командант ја саботираа улогата на армијата и не дозволуваа таа да ги враќа изгубените територии кои беа заземени од странскиот непријател, не дозволуваа да се одговори со сите расположиви ресурси и да се воспостави контрола на целата територија на државата.

По војната, армијата почна со трансформација по НАТО стандарди, при што со закон беа принудно пензионирани офицери со 25 години стаж и тие кои своето образование и борбено искуство го имаа стекнато во ЈНА.

Се продолжи со “професионализацијата” на армијата со вработување на несоодветен кадар со ниски вредности одбиран по етнички принципи и роднински врски со офицерите и другите службеници.

НАТО принципите налагаа и единствениот тенковски батаљон со 31 тенк Т-72 од советско производство кои тогашната влада ги купи од Украина и се користеа во војната 2001, да се држат на растојание од минимум 100 км од Скопје, за да, во случај на повторување на конфликтот или таканаречена пролетна офанзива на УЧК, не смеат да се користат од страна на АРМ.
Со години, секоја политичка гарнитура на власт ја користеше АРМ за свои лични цели, се вдомуваа лепачите на плакати и аплаудирачите, а професионалноста остана само кај специјалните единици.

По НАТО стандардите се затворија и огромен број на стратешки касарни и караули, па во мигрантската криза која почна 2016 година видовме дека јужната граница беше попропустлива од швајцарско сирење. Војниците кои беа донесени да ја обезбедуваат јужната граница, наместо во касарните во Гевгелија, Струмица или караулите, спиеја во шатори во ниви, во приватни објекти и во фабрики.

Почнувајќи од Втората светска војна и првите борбени одреди, се до формирањето на славната Народноослободителната армија, која се до распадот на СФРЈ беше една од најмоќните светски армии, денес АРМ не е ниту бледа сенка на таа славна дефанзивна армија, а по заслуга на погрешните политики што ги тераат политичарите од 91-ва до денес.

  • Со надеж дека еден ден повторно ќе станеш неутрална и народноослободителна армија.